Билиони долари се собрани за катедралата Нотр Дам, а сè уште не можеме да ја поправиме планетата!
Историските знаменитости низ светот се уништуваат секој ден, како природните, така и оние создадени од човекот. Историските обележја како катедралата Нотр-Дам се значајни симболи на културата, сепак ајде да се соочиме со фактот дека катедралата е само зграда, а во пожарот никој не е повреден...
Никогаш не постои глобален повик за акција кога домородното земјиште и природните убавини се уништени за да се направи пат за цевководи и слично или кога постоечката архитектура е урната и се заменува со огромни трговски центри и катни гаражи. Слично на тоа, кога бомбите се фрлаат низ Блискиот Исток и Африка, зградите и артефактите што се изгубени во тие напади никогаш не се платени и реставрирани, иако тие историски реликвии се остатоци од некои од најраните човечки цивилизации.
Во случајот на Нотр-Дам, донации се собраа од целиот свет за да помогнат во реставрацијата на објектот... Речиси една милијарда долари, а повеќето од тие донации доаѓаат од исклучително богати донатори. Некои од овие донации беа стотици милиони долари, кои доаѓаа од богати семејства зад брендовите за облека како Гучи и Луј Витон, како и енергетски и козметички компании. Тим Кук од Apple дури рекол дека технолошката компанија со повеќе милијарди долари ќе придонесе за реставрацијата. Во меѓувреме, местата како Порто Рико сè уште се борат да соберат пари заради последиците од природната катастрофа што се случи пред повеќе од една година. И покрај тврдењата на политичарите дека кризата со вода во многу места е решена, многу луѓе во цивилизираните региони сè уште немаат чиста вода за пиење. Сиромаштијата и бездомноста растат во повеќето глобални општества, со огромен процент од населението (децата) кое е експлоатирано од големите компании и сè уште се бори да си ги дозволи основните потреби за опстанок, како храна и засолниште.
Со оглед на сите прашања што ја загрозуваат човечката цивилизација и животинскиот свет на планетата, се чини глупаво дека луѓето од целиот свет ќе им дадат приоритет на заменливите споменици на културата над човечкиот живот, иднината и здравјето на планетата што тие го нарекуваат дом! Сепак, овој тип на однесување е типичен за нашиот вид и токму затоа имаме проблеми како војни, сиромаштија и загрозени растителни и животински видови. Луѓето ја обожуваат својата култура како богови, но го третираат нивниот природен свет и нивните сонародници како ѕверови...
Добротворната организација прикажана по последиците од пожарот во Нотр-Дам покажува дека човештвото е способно да сочувствува, а финансиските средства (за барем да почнат да ги решаваат проблемите во светот), можат да се соберат прилично лесно и брзо. Се разбира, ќе чини повеќе од една билион долари за да ја исчистиме планетата и да ги нахраниме сиромашните, но доколку со тоа се започне, замислете што може да се постигне ако луѓето почнат да ја насочуваат својата добротворна енергија кон проблемите што всушност се во фаза на уништување на животот.
![]() |
| Ова не е фер... |
„Ако двајца во свет со повеќе од 7 билиони луѓе можат да обезбедат 300 милиони евра за да го обноват Нотр Дам во рок од шест часа, тогаш има доволно пари во светот за да се нахрани секоја уста, за да се засолни секое семејство и да се едуцира секое дете. Неуспехот да се стори тоа е прашање на волја и прашање на систем. Неуспехот да се стори тоа доаѓа од нашиот неуспех да ги препознаеме секојдневните итни случаи кои живеат насекаде околу нас секој ден“ - вели главниот и одговорен уредник на JOE, Карл Кинсела (Carl Kinsella).
„Насекаде во светот, од Париз до Персеполис, луѓето страдаат. Но, нивното страдање е секојдневно. Не ја осветлува насловната страница и не инспирира итни донации од најбогатите луѓе во светот“ - продолжува тој. Овој неуспех на приоритетите во голема мера е грешка на глобалните медиуми и теориите на заговор, што нè оддалечуваат од известувањето за војни, еколошки проблеми или економски услови. Луѓето во светот се генерално добри, тие едноставно се заведени од страна на политичките системи и религиите што се обожувани од нивна страна.
Уредник и новинар: MoniQue Konopova
Извор: Truththeory




Comments
Post a Comment