Има толку многу СО2 во атмосферата што садењето дрва повеќе не може да нè спаси...
Луѓето испуштаат околу 30 до 40 билиони тони гасови што предизвикуваат ефект на стаклена градина, конкретно јаглероден диоксид, во атмосферата секоја година. Како ова да се реши?
![]() |
| Повеќе шуми или конопни полиња за ова да се реши? |
Ако продолжиме да загадуваме со ова темпо, Земјата ќе продолжи да се загрева и на крајот тоа ќе го уништи нашиот начин на живот, поради драстичната промена на климата, а да не зборуваме и колку од животинските и растителни видови засекогаш ќе исчезнат... Повеќето научници се согласуваат дека ни треба начин за да фатиме дел од тој СО2 од атмосферата. Една идеја е да се сади многу коноп и дрвја. Дрвјата користат CO2 за да растат. Тие, исто така, ослободуваат кислород, така што победата е загарантирана. Пред сè треба да се престане со уништувањето на постоечките (пра)шуми за огрев и за мебел, кога веќе е возможно да се произведат цврсти пресувани даски од конопови влакна. Исто така, законските регулативи што (би требало да) го регулираат овој проблем во секоја држава треба да се прилагодат/променат/усогласат!
Но, студиите покажуваат дека ние едноставно не можеме да одгледаме доволно дрва за да го претвориме потребниот износ на CO2 кој ќе ни помогне да ги оствариме целите поставени со Парискиот договор. Конопот созрева за 3-4 месеци (со максимум 3-4 возможни реколти годишно) и дава многу голема лисна маса, а на дрвајат им требаат многу години за да ја оформат својата крошна. Затоа идејата конопот да се врати слободен на полињата (надворешно производство) навистина има многу смисла! Всушност, потребно би било да се покрие цел еден континент со дрвја за да се собере само околу 10% од CO2 што се емитира годишно.
Со други зборови, многу од нас ќе гладуваат ако се обидеме да користиме дрва за да го решиме проблемот со емисиите на CO2. Нема доволно простор на оваа планета со обработливо земјиште за да се нахрани светот, доколку тој простор се употреби за да се засади потребниот број дрвја коишто би биле нови бели дробови на нашава планета. Па, што можеме да направиме? Со „ОФКАЊЕ“ ништо нема да постигнеме... Но, доколку сите активно се вклучиме во легализацијата на конопот и допринесеме истиот слободно да расте насекаде, не само што ќе бидеме поздрави и посреќни - ќе имаме многу почист воздух и овој проблем многу брзо ќе се реши.
Напишала: MoniQue K.
Извор: Businessinsider
ЧИТАЈ ПОВЕЌЕ:
* Како конопот може да ја деконтаминира почвата и да го спаси светот?
* ФИТОРЕМЕДИЈАЦИЈА - Канабисот го чисти нуклеарното зрачење и токсичниот хемиски отпад
* Зошто на светот му е потребна еколошки биоразградлива пластика од коноп?


Comments
Post a Comment